Првпат по порноскандалот Јелена Карлеуша застана на сцена и ја промовира новата песна „Лајк“, своевиден одговор на аферата со фудбалерот Огњен Врањеш.
Пред бројната публика во Штарк арената во Белрад на регионалните музички награди Карлеуша имаше бомбастичен настап.
Увертира на настапот беше видеопорака во која пејачката виси преку знак на кој е пречкртан зборот „живот“.
“И еве ја тука, таа е мајка на две деца, сопруга, ѕвезда, нејзиното достоинство, нејзиното име, има убава кожа, таа е бледа, како да е долго време овде,нешто овде недостасува. Не гледам крв, а мириса на неа, на насилство без нож, без пиштол, на зло и она што веќе не можеше да влијае на неа, па одлучи да влијае на тоа како другите ја гледаат … ”
“За неа и за сите, решив да бидам хероина на мојот живот, а не жртва во вашите очи”, порача моќно Јелена.
Како што вети, таа се појави на церемонијата на MAC во Stark Arena во раскошен црвен фустан, раката под рака со менаџерот Зоран Бирташевиќ.
Со оваа порака и со овој настап, Јелена покажува дека е победничка, а не жртва во целата ситуација со порно аферана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.