Спотот за новата преработка на момците од дуото „Некст Тајм“, „Нешто ќе те питам бабо“ е најгледаното видео во нашата земја во моментов. Така покажуваат и бројките на Јутјуб со што го вметнува во категогоријата „трендинг 1“.

За само два дена новото музичко парче на Мартин и Стефан брои повеќе од 300.000 прегледи, што е навистина фасцинантна бројка за толку кратко време.

Новата песна беше промовирана во понеделникот во „Драмски театар“, а на промоцијата се појавија стотици пријатели, соработници и фанови на близнаците.

„Некст Тајм“ по трет покажаа и докажаа дека и македонската народна песна и тоа како може да биде многу популарна за слушање.

Инаку спотот е дело на продукција „Мелем“, односно режисерот Огнен Шапковски, кој се потпишува и на двата останати проекти на „Некст Тајм“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.