Јордан Митев, ја промовира својата нова песна „Жена за 100 години“, која како и сите останати песни е комплетно авторско дело на Митев, а токму тоа што тој е креатор на целиот негов авторски репертоар ,го издвојува од сите на нашата естрада. За песната допрва ќе се сними и видео запис.
Митев оваа година заокружува и 15 години од опстојувањето на фолк сцената и по тој повод некаде во втората половина од 2020 година планира да одржи голем концерт. Освен најавата за јубилејните концерти, оваа година Јордан го завршува и студискиот албум кој поради јубилејот одлучи да биде финализиран токму оваа година.
Се очекуваат уште 4 нови песни и со тоа албумот ќе е готов, а носечка песна на истиот ќе биде „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ , песната која веќе е омилена на многу генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.