32-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола ќе се одржи од 2 до 10 октомври.

Фестивалот свечено ќе биде отворен со операта „Рита“ на Националната установа Опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Организаторите на фестивалот Милица и Кирил Рибарски, за годинава за битолската и пошироката публика од Јапонија го носат Казухиро Котецу, бас, кој ќе изведе оперски арии и македонски народни песни (Моцарт, Верди, Ј. Христовски, Георгиевски-Калица, В.Илиева) заедно со Камерниот оркестар на Битола под диригентската палка на Владимир Димовски.

Котецу живее во Токио и настапува во тамошната опера. Но во исто време, тој е голем вљубеник во македонската музичка традиција. Досега ги има обработено песните: Македонско девојче“, легендарната песна од Јонче Христовски  – „Ако умрам ил’ загинам“, а потоа и втората верзија на Македонско девојче, Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Кога падна на Пирина“ , „Земјо македонска“ и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.