Српскиот пејач Предраг Живковиќ Тозовац, почина во 85 година од животот, како последица од компликации од коронавирусот. Тој неколку недели лежеше во болница, а за српски Телеграф раскажал дека би сакал да го пуштат дома да умре.

Предраг тврди дека со денови психички му било лошо, бидејќи никој не му доаѓал во посета, а од креветот едвај можел да стане и да оди до тоалет.

Состојбата по примање на кинеската вакцина ми се стабилизираше, ама сега сум психички лошо. Не сум добро и верувајте дека едвај издржувам во болница. Никој не ми доаѓа во посета, бидејќи е ова ковид болница, а со мојата Мима се слушам само преку телефон и на неа и се жалам. Ужасно е чувството кога по цел ден слушате само како апаратите за кислород пиштат. Тоа ни млади луѓе не би го поднеле, негативно влиаје на психата. Размислував да ги замолам лекарите да ме пуштат дома, достоинствено да умрам, ама тоа не е можно – зборуваше пејачот пред неколку дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.