Речиси и да нема Македонец не ги памети стиховите на песната „Ноќна кралица“ која ја отпеа пејачката Ерзана. Во 90-тите таа беше една од најпопуларните домашни пејачки, а потоа издаде и албум од кој излегоа уште неколку нејзини хитови.

Сепак, животниот пат и љубовта ја однесоа во Америка, каде живее и денес, а од музиката на македонската сцена остана само да се сеќаваме на нејзините песни од тоа време. Таа е горда мајка на нејзиниот 12 годишен син Дориан и живее во Хартфорд, Конетикат, заедно со нејзиниот сопруг Аријан Превала.

Периодов Ерзана е во Македонија, а со неа се сретнала Елена Ристеска која објави заедничка фотографија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.