Андреа Оџаклиевска, ќерката на пејачката Маја Оџаклиевска, станала вистинска убавица и е речиси вистинска копија на својата позната мајка.

Андреа, како мала често ја придружуваше својата мајка во телевизиските настапи, а уште од тогаш добиваше комплименти од телевизиските гледачи дека изгледа одлично.

Убавата Андреа е студентка по туризам, а неретко споделува и фотографии на кои е со својата мајка, а на фотографиите се гледа дека Андреа ја наследила од Маја убавината, но и прекрасната широка насмевка која познатата поп-пејачка ја краси веќе со децении.

Маја Оџалиевска, освен ќерката Андреа, ја има и ќерката Теа од која го има шестгодишниот внук Лука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.