MURMAN TSULADZE ги обединува француската електроника, африканските ритми и нивните грузиски корени. Минатата година објавија видео за ‘La Flemme de Danser’, кое според „Quietus“ го доловува нивниот природен хумор и нивниот бунтовен дух додека излегуваат на улиците на Париз да танцуваат меѓу полицијата и демонстрантите.

А Владица Младеновски Грга (координаторот на фестивалот) додава: „Мурман е тврдоглав/камен, Мурман ги држи најбујните веѓи на сцената, Мурман е артист, шармантен поет, но исто така и шиткач на летечки килими, одметник, астронаут, киднапер и спасител на женските срца воедно. Мурман е фудбалер, емигрант, карпа-човек. Во придружба на првиот сопруг на неговата тетка Zauri de Makhtchkala и другар од детството Krikor Berdzenishvilli конечно решава на светот да му ја раскаже својата животна приказна на свој уникатен начин, на грузиски јазик. Мурман е роден помеѓу Црното и Каспиското море, во земја која повеќе не постои. Денес Мурман e стациониран во градот на љубовта, светлината, модата, утре којзнае каде ќе е… Во август Мурман за прв пат ќе е во Скопје, градот на Вардар, градот на… Вардар“.

 

MURMAN TSULADZE се придружуваат на Viagra Boys, Shortparis, Noga Erez и ИСКРА! Билетите (за двата фестивалски денови) се достапни на билетарницата во МКЦ и online преку www.bileti.mkc.mk

Наскоро следуваат нови најави за програмата на ЗДРАВО МЛАДИ 11.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.