„Извини“ се вика најновата песна на младиот пејач Огнен Здравковски, позади која како автори се потпишуваат најдобрите во земјава, братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Ена Цветкоски.
Оги песната премирно ја објави уште вчера на неговите социјални мрежи, а позитивните коментари пристигнуваат од минута во минута.
Да бидам искрен очекував дека ќе ѝ се допадне песната на публиката. Навистина ова е ремек-дело, кое верувам дека би посакал да го има секој пејач на естрадава. Како што знаете, првата верзија на оваа песна ја пуштив на српски јазик пред еден месец и верувајте дека ама буквално секојдневно добивам пофални коментари, вели Здравковски.
За оваа песна Огнен и неговиот тим снимија и видеоспот кој е во режија на Гордан Божиновски, а покрај Оги во спотот се појавува моделот Ана Даја Гри.
Инаку Огнен во последно време е еден од пејачите кој има доста настапи и него може да го видите во повеќето дискотеки и клубови низ нашата земја.
Слушнете ја неговата најнова песна:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.