„Извини“ e насловот на новата песна на младиот пејач, Огнен Здравковски. Автори се Лазар и Магдалена Ена Цветкоски, премирно беше објавена вчера на социјалните мрежи, а позитивните коментари пристигнуваат од минута во минута.

Да бидам искрен очекував дека ќе ѝ се допадне песната на публиката. Навистина ова е ремек-дело, кое верувам дека би посакал да го има секој пејач на естрадава. Како што знаете, првата верзија на оваа песна ја пуштив на српски јазик пред еден месец и верувајте дека ама буквално секојдневно добивам пофални коментари – вели Здравковски.

За оваа песна Огнен и неговиот тим снимија и видеоспот кој е во режија на Гордан Божиновски, а покрај Оги во спотот се појавува моделот Ана Даја Гри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.