Министерка за култура на Израел, Мириса Регев го нарече „грешка” присуството на палестинските знамиња на грбовите на танчерите на Мадона за време на финалето на Евровизија.
Тоа е грешка, не треба да се меша политиката во една културна манифестација, со сета почит што ја чувствувам кон Мадона”, изјави Регев на редовната неделна седница на Министерскиот совет.
Министерката ја критикуваше израелската медиумска организација Кан, која не си ја завршила својата работа, откако се појавија на екран палестинските знамиња.
Мадона не се предаде на про-палестинските активисти да го бојкотира настапот во Тел Авив. Тие тврдат дека преку неа израелските власти се обиделе да ја омаловажат реалностите од израелско-палестинскиот конфликт.
Не е познато дали таа знаела дека нејзините танчери ќе се појават со палестински и израелски знамиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.