Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац почина на 85 години како последица од коронавирус.
По тој повод сега се огласи и неговата сопруга.
Немам сила ни да зборувам. Изгубив дел од својот живот. Ова е момент кога навистина не можам повеќе. Ве молам кажете им да не ме бараат, нема сила да зборувам – изјавила во солзи сопругата на пејачот за српските медиуми.
Предраг последните недели се бореше со корона, а веста дека починал ја потврди неговиот кум.
За жал не издржа, оваа корона го уништи, изјави кумот на пејачот.
Инаку Тозовац неодамна направи интимна прослава и се венча со Мима.
Нивната љубов започна пред околу 4 децении и тоа беше љубов на прв поглед.
Се сретнавме случајно и така започна. Се заљубивме штом се погледнавме. За неа ја напишав песната „Мима“. Инаку, нејзиното вистинско име е Емилија. Мима е мојата вистинска љубов и избор. Ние сме во најубава фаза бидејќи станавме пријатели кои не можат еден без друг. Љубовта нема врска со годините, изјави Тозовац во една прилика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.