Музичката индустрија е можеби една од најпогодените гранки во светот поради пандемијата со корона-кризата која трае скоро една година, но и во едни такви услови, музичарите не престанаа со музицирање.
Еден од нив е ѝ младиот фолк-пејач Живе Мешуревски, на кого многумина му предвидуваат блескава музичка кариера. Тој и покрај кризата од коронавирусот, перидов работеше на неговиот најнов материјал со наслов „Да си моја“ и тоа повторно со најдобрата екипа – Борче Нечовски текст и Дејан Момировски музика и аранжман.
Како солисти во новата песна на Живе се појавуваат, врвниот хармоникаш Мишел Трајковски и Демир Кантуровски на труба.
Долго работевме на оваа песна со Борче и Дејан. Сакавме да биде нешто навистина квалитетно и воопшто не се брзавме кога ќе ја објавиме. И така светот е во изолација, па така времето беше на наша страна. Сигурен сум дека публиката ќе ужива во оваа моја нова песна, бидејќи навистина дадовме се од себе, вели Живе, кој за 2021 година се надева дека работите ќе се вратат во нормала и дека ќе може да настапува и да се дружи со публиката.
За новата песна Живе сними и прекрасен видеоспот, каде покрај него се појавува и убавата манекенка од модното студио „Моделс Ин“ – Бубе Неткова, а пак спотот го изработи „Арт продукција“.
Задоволен сум од тоа како излезе спотот, девојката одлично глумеше, снимавме во еден хотел во Скопје и на неколу локации во Битола, дополни младиот музичар.
Живе студира соло-пеење опера на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.