На 17 февруари, колегите на пејачот Момо Николовски ќе одржат хуманитарен концерт во обид да му помогнат на нивниот колега кому му е итно потребна операција во странство. Концертот почнува во 18 часот и ќе се одржи во „Даре Џамбаз“, а организиран е од музичкото студио и естрадно училиште „Узун“, во соработка со Црвен крст на град Скопје. Влезот е бесплатен.

Оваа година концертот го посветуваме на нашиот колега музичар Момо Николовски кому му се потребни финансиски средства од 20.000 до 25 000 евра за лекување во странство. Влезот е бесплатен но во салата ќе биде изложена кутија за донација, најави Жаклина Узунова.

На концертот ќе учествуваат учениците и долгогодишни пријатели на училиштето, покрај Жаклина Узунова, „Уни бенд“, Кирил Узунов, Јасмина Гуњова, Горан Симевски, Кристијан Демјански, Валентина Ѓоргиевска Парго, придружувани од маестро Бранко Коловски, уметникот Живко Поповски- Цветин, а водителка, по традиција, е Катерина Стојановска-Десковска.

Ова е покана до сите колеги од македонската естрада доколку се во можност да учествуваат на концертот, а доколку некој сака да донира средства, а не може да присуствува на концертот ова се телефоните за донации 143 462 ВИП и 143 123 Т-Мобиле, рече Узунова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.