Засекогаш со нас во срцето, 25 јануари, 40 роденден на Тоше Проески.

Вака хрватската дискографска куќа „Хит рекордс“ ја најавува молитвата по повод раѓањето на најголемиот македонски пејач.

Сеќавање на човекот кој со своите дела, и човечки и музички, остави неизбришлива трага меѓу фановите и пријателите во целиот регион, но и пошироко, трага која ни денес не избледува. Никогаш непрежалениот Тоше Проески на 25-ти јануари ќе го славеше својот 40-ти роденден. Прерано не напушти со едвај 26 години, но зад себе остави богата ризница во која кога денес ќе погледнеме, гледаме колку бил талентиран, пишува во објавата на „Хит рекордс“.

Од таму информираат дека утре ( недела) со почеток од 10 часот, ден пред неговиот 40-ти роденден, со молитва ќе се сетат на единствениот и непрежален Проески. Настанот ќе се случи во капелата Роков перивој во Загреб, веднаш по светата миса.

Хрватскиот народ не го заборава нашиот музичар кој таму беше чест гостин.

Од дискографската куќа се сеќаваат на неговите зборови: „Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“, и велат дека овие зборови живеат во сите кои го познавале, но и оние кои никогаш не го запознале младиот музичар.

Освојуваше со прекрасна насмевка и глас, но пред се, го красеше скромност.

Дека љубовта е она кое треба да ги движи луѓето, секогаш нагласуваше дека е најважно, велат од „Хит рекордс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.