Колку и да се труди да делува позитивно и насмеано, најновите настани во животот на пејачката Мајли Сајрус ја доведоа до целосен нервен слом, кој почна опасно да влијае на нејзиното психо-физичко здравје.

Пејачката најпрво се разведе од својот долгогодишен партнер Лиам Хемсфорт, а потоа се обиде да ја олесни својата тага со врската со Кејтлин Картер, манекенка и инфлуенсерка со која се обиде да го излечи скршеното срце.

Сепак, откако заврши и таа врска, Мајли остана сама и според извор на странски медиуми, престанала да јаде и драстично изгубила тежина.

Таа едвај јаде нешто, повремено зема овошје, но тоа е се’. Таа е ослабена и има само 40 килограми, нејзините ребра се гледаат – вели изворот.

Пејачката одбива да јаде затоа што мисли дека со полн стомак се чувствува депресивно и тврди дека ќе ја изгуби целата контрола врз нејзиниот живот. За да ги влоши работите, таа се врати на лоши навики кои вклучуваат пиење и конзумирање марихуана, пренесува „Тин Стар“.

 

Мајли целосно се исклучи од реалниот живот и пуши марихуана по цел ден. Таа верува дека со тоа го храни своето тело и душа подобро од која било храна – додава изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.