„Хитови од наше време“ е наслов на проектот кој има за цел да не врати во златните времиња на македонската музика. Вечерва со почеток од 21:30 во „Нано Бар“ во Скопје ќе се потсетиме на најголемите хитови на македонската естрада во времето кога македонската музика беше во експанзија. Музиката на Ерзана, Врчак, Нови Дечки, Магија, Александар Митевски, Маја Вукичевиќ, Студени Нозе, Ребека, Нулта Позитив, Ена Веко, Угро, ПС, Тнт, Маријана и Росана и уште многу други македонски изведувачи ќе биде дел од репертоарот на „Хитови од наше време“. Проектот ќе продолжи со низа забави на различни локации во Скопје и во идниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.