Британската поп ѕвезда Хари Стајлс е апсолутен победник на доделувањето на Британските музички награди победувајќи во сите четири категории во кои беше номиниран, вклучително и наградата за изведувач на годината.
На доделувањето на британските музички награди во лондонската О2 Арена, Стајлс беше награден за албум на годината за „Harry’s House“, за песна на годината за „As It Was“, изведувач на годината и најдобра поп/аренби изведба.
Оваа ноќ за мене беше навистина, навистина посебна и никогаш нема да ја заборавам“, изјави Стајлс, кој минатата недела освои и Греми награда. Тој исто така им се заблагодари и на своите поранешни колеги од групата „One Direction“, како и на своето семејство.
Женскиот инди рок бенд „Wet Leg“ беше втор голем победник на вечерта, освојувајќи награда за најдобра британска група и најдобар нов изведувач.
Англискиот поп-рок бенд „The 1975“ освои награда за најдобра рок/алтернативна изведба, најдобра интернационална група е „Fontaines D.C.“, за ѕвезда во подем е прогласена аренби групата „Flo“, за најдобра танцова изведба е наградена Беки Хил, а 23-годишниот рапер Ејч ја однесе наградата за најдобар хип-хоп/грајм/рап изведувач.
Наградата за интернационален изведувач на годината ја освои американската ѕвезда Бијонсе, која беше наградена и за интернационална песна на годината, за „Break My Soul“. Бијонсе не присуствуваше на церемонијата, но ѝ се заблагодари на публиката преку видео и го заврши говорот со пораката: „Се гледаме на турнеја!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.