Дека Ву-Танг Клан (Wu-Tang Clan) се најголемата хип-хоп група на сите времиња, потврдија и и градските власти на Њујорк, кои им оддадоа чест која ретко се гледа. Многумина дури после смртта добиваат улица со своето име, но за ѕвездите на Си Стар Фестивалот, Ву-Танг Клан, во градот кој никогаш не спие е издвоен цел еден кварт! Неколкуте улици кои го сочинуваат Парк Хил, соседство во њујоршкиот Статен Ајленд, еден од петте делови на оваа метропола, отсега формално го носат името „Ву-Танг Дистрикт“, во чест на една од најголемите групи во историјата на музиката, чии членови потекнуваат токму од овој кварт. Свечената церемонија се случи откако Градското собрание на Њујорк во декември едногласно одлучи дека овие хип хоп великани заслужуваат својата улица поради својот придонес на локалната заедница, но денес одлуката беше променета. После 40 милиони продадени албуми, низа награди и сопствени марки, денес Ву Танг имаат и свој кварт во најпознатиот град на планетата! На церемонијата пресуствуваа и неколку градски советници заедно со членовите на Ву-Танг.

Ова е прекрасен ден и драго ми е што имаме можност да оддадеме почит на нашите локални херои, млади луѓе кои го ставија Статен Ајленд на интернационалната мапа, изјави градската советничка Деби Роуз, додавајќи: Соочени со многу препреки, тие се покажаа не само како врвни рап и хип хоп изведувачи, туку и како инспирација на голем број светски музичари и правци на кои влијаеја.

Рејквон на својот Фејсбук профил сподели видео од откривањето на таблата со зборовите:

Благодариме Статен Ајленд, Њујорк.

Големите Ву-Танг Клан на почетокот на април го потврдија доаѓањето на Си Стар Фестивал, и тоа во рамки на голема светска турнеја со која одбележуваат 25 години од објавувањето на можеби највлијателниот рап албум – „Enter the Wu-Tang (36 Chambers)“. Нивниот настап на Адико Тесла бината во саботата на 25-ти мај ќе биде екслузивен за целата централна, јужна и источна Европа. Освен најголемите хип хоп групи во историјата, во прекрасната лагуна Стела Марис доаѓа и електронскиот „татко“ Свен Ват (Sven Vath), харизматичната техно лидерка Нина Кравиц (Nina Kraviz), ѕвездата во подем Иларио Аликанте (Ilario Alicante), британската џез трап уметница Ај-ем-ди-ди-би (IAMDDB), хитмејкерот Махмут Орхан (Mahmut Orhan), еден од најголемите и најважни рок автори на нашето поднебје Бајага и Инструктори, најпознатата хрватска панк рок група Хладно Пиво, најдобриот истарски поп рок бенд Нола, и јаки имиња како Војко В, Фокс (Fox), Кранкшвестер (Krankšvester), Хај Фајв (High5), Петар Дундов, Енрико Санџулијано (Enrico Sangiuliano), Марко Настиќ, ДЈ Џок (DJ Jock) и многу други.

Фестивалските влезници за Си Стар се достапни по цена од 2300 денари, што вклучува 35% попуст во однос на финалната цена. Во понудата има и еднодневни влезници по цена од 1550 денари, ВИП Голд влезници по подарок цена од 105 евра и еднодневни ВИП влезници по цена од 55 евра. Во тек е и омилената акција „Купи 4, зграпчи 5“ во која сите кои одеднаш ќе купат четири влезници, петтата ја добиваат на подарок! Влезниците можат да се купат на www.seastarfestival.com.

Во понудата е и широка лепеза на сместување за сите посетители на Си Стар Фестивал. Стела Марис комплексот нуди премиум камп со четири ѕвездички, а во цената се пресметани и користење на базен на отворено со морска вода. Има и бунгалови, апартмани во вили или хотели кои се наоѓаат во непосредна близина на фестивалскиот простор. Понудите за сместување почнуваат од неверојатни 7 евра за камп, 8 евра за бунгаловите и 10,8 евра по лице за фестивалски апартмани, а може да се купат и различни пакети кои вклучуваат камп и влезници почнувајќи од цена од само 46 евра. Резервацијата на сместување и додатните информации за сите опции можат да се пронајдат на страницата https://www.seastarfestival.com/smjestaj/.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.