Легендарниот член и еден од основачите на култната македонска група „Мизар“ , вокалистот Горан Таневски заедно со поставата наречена „Мизар“ – друго откровение ќе одржи концерт на 13 јуни 2019 г. во МКЦ – Скопје.
Горан Таневски, фронтменот на „Мизар“ и еден од највлијателните вокали на југословенските простори, по повод 35 години од својата кариера издава три нови албуми и организира концерт со кој ќе се заокружи неговата плодна тридецениска кариера.
Во пресрет на концертот кој ќе се оддржи на 13 јуни во МКЦ Таневски и неговиот бенд неодамна организираа јавна проба која се одржа на 30 мај во студиото на Таневски кое е во склоп на „Макотекс“ – стара телевизија.
Таневски е музичар и сестран уметник. Композитор, пејач, текстописец кој остави печат врз македонската музичка сцена во својата плодна кариера, а е и еден од имињата со кои се поврзува алтернативниот рок на македонската музичка сцена. Таневски го предводеше „Мизар“ во периодот од 1984. до 1991. година а според музичките критичари е еден од највлијателните вокали на овие простори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.