„Љубојна“ в недела ќе одржи акустичен концерт во Македонската опера и балет. Вера Милошевска и Оливер Јосифовски денеска се сретнаа со новинарите и ги запознаа со деталите за концертот како и иновациите на истиот.
В недела покрај насловната нумера „Севдо ле“ за која беше објавен и спот, премиерно ќе биде изведена и „Горки чувства, слатки немири“ која е комплетно дело мое дело: музика и текст и со тоа пробувам да запливам и во тие води, рече Вера.
Во моментите кога во медиумскиот етер е актуелен спотот за синглот “Севдо Ле” кој е последното остварување на “Љубојна”, овој настан е уникатна можност за вистинско предновогодишно уживање.
Преголема е возбудата кога најавуваш убави нешта, па затоа со огромно задоволство Ви најавуваме дека на 22.12 со почеток од 19:30 часот. во Опера и Балет, за прв пат пред македонската јавност, “Љубојна” ќе одржи (unplugged) акустичен концерт!
Ова е вистинска прилика за публиката, во една уникатна атмосфера да ги слушне сите големи хитови на “Љубојна”, велат членовите на групата.
Најавија дека на концертот ќе има интересни детали, гости, дигитална сцена и рекоа дека едвај чекаат да застанат на сцената…Останува да видиме и слушнеме што ново „Љубојна“ подготви за неделниот концерт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.