“LOVE O’CLOCK – Fly me to the Moon“ е насловот на концертот што ќе го одржат вокалистката Јасна Димитровска заедно со Битолскиот дувачки оркестар на 12 февруари (сабота) во 20 часот во Центарот за култура во Битола.
Ова ќе биде романтичен концерт на чиј репертоар ќе се најдат најголемите хитови на безвремениот Френк Синатра, меѓу кои: Cheek to Cheek, I’ve got the world on a string, Come fly with me, Fly me to the moon и многу други .
Влезниците по цена од 250 денари може да се набават на билетарницата на Центарот за култура.
Организаторите најавуваат изненадувања за публиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.