Една од најпрестижните музички издавачки куќи во Јапонија, „P-Vine“, која во светот на светот на аудиофилите ужива огромен углед и реноме со својот квалитет на музичките изданија, го издаде најновиот студиски албум на Владимир Четкар, „Going Home“.
„Going Home“ во најголемите музички продавници во центарот на Токио (Шинџуку и Шибуја) е промовиран и селектиран во одделот за интернационални прекуокеански артисти рамо до рамо со некои од најкомерцијалните музички ѕвезди како Ариана Гранде и Џастин Бибер.
Масахару Јошиока, еден од највлијателните јапонски музички критичари, за новото студиско издание на Четкар тврди дека е неверојатно ремек делo.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.