„Васил од Cеверна Македонија: Организиран криминал/напад“ е насловот на интервјуто на македонскиот претставник Васил Гарванлиев за евровизискиот портал Eurovision world.com, медиум посветен на настаните поврзани со Евросонг.

Во него, покрај темите за „Евровизија“, тој зборува и за настаните по објавата на видеото за песната „Here I Stand” и неговото постаро интервју во кое со гордост кажува дека има и бугарско државјанство.

Гарванлиев вели дека тоа било организиран криминал/напад врз него, над кој немал контрола.

Работите беа извадени од контекст, се презентираа лажни информации, и тоа заврши со многу лоша реакција, со напади на интернет и јавен линч.
Никому не му посакувам такво нешто, но кога го гледаме светлото во мракот, благодарен сум, бидејќи тоа и даде на мојата песна уште подлабоко значење, а мене уште поголема желба да бидам поуспешен.
Ова ме направи посилен како човек и како уметник, и ми даде поголема одговорност, да бидам гласот на безгласните, посебно за уметниците ширум светот кои ја немаат уметничката слобода да бидат тоа што се. Ќе ја замолчиме омразата со љубов, позитивна енергија и љубов, вели Васил за музичкиот медиум.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.