Утрово се разбудив во шест со необична и убава енергија. Се исплакав до осум часот, ја пуштив убавата енергија која дојде, да помине низ мене. Плачев од среќа и убава енергија. Тоа е чувство што не можам да го опишам, рече Васил Гарванлиев за ММС утрово, пред да ги почне подготовките за вечерашниот настап, на првата полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија, што се одржува во Ротердам, Холандија.

Презадоволен сум од мојот настап.  Цела сцена е исполнета  со љубов и енергија. На крајот од настапот  ќе светне изгрејсонце на сцена. Има специјален ефект, сонцето изгрева зад мене. Па и главната порака на целиот настап е темнината ја претвораме во светлина и шириме љубов, вели уште Васил, кој настапува шести.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.