Античкиот театар во Охрид синоќа го освоија трите девојки oд бендот „Фрајле“ облечени во бело, елегантни, уникатни и весели, кои ја носеа публиката низ приказните на нивните песни, „Мени требаш ти“, „Ich Liebe Dich“, но и песните од Жељко Бебек, Оливер Драгојевиќ, Тоше Проески, а како изненадување ја слушнавме „Јовано Јованке“.

Концертот почна со негодување од публиката поради доцнењето, но недоразбирањето беше надминато во мигот кога девојките стапнаа на сцената и со цело срце се трудеа што подобро да ја забавуваат публиката.

Многу ги сакаме Охрид и Македонија, ви ветуваме дека одлично ќе си поминеме, рекоа на почетокот и навитина беше така.

Неизбежни беа и чардашите, ромските песни, „Чукни во дрво“, „Во коси да ти спијам“, како и песната посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонском морнару“, кој како што рекоа е нивен музички татко.

Ова е прв концерт на девојките од Нови Сад како трио, откако во време на пандемијата ги напушти Марија, која ја продолжи кариерата како композитор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.