Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект во организација на Општина Битола кој од 23 декември па сѐ до новогодишниот дочек на 31 декември платото пред неодамна реконструираниот Офицерски дом го претвори во празничен плоштад.

57 различни проекти, во кои ќе настапат музички групи, редица ДЏ, театарски претстави, учесници на детски музички фестивали, а ќе се одржуваат и работилници во збирно над 60 часа активна програма, ќе ги анимираат битолчани во претпразнична атмосфера.

Сите ангажирани учесници се избрани на јавниот конкурс кој го објави Општина Битола, неодамна мотивирајќи ги сите локални артисти да се пријават, со цел да се поддржи нивната уметничка работа, особено во годината кога заради протоколите имаа ограничен број на ангажмани.

На оваа локација ќе имаат можност за промоција  и малите бизниси, како што се занаетчиите, селектирана угостителска понуда и анимација со цел да се промовираат, нудејќи придружна понуда која ќе асоцира на празници и славење.

Битола конечно доби настан кој ќе ја направи музички жива во зима, беше вчешарниот заклучок на концертот на Фолтин на минусни температури, кои не беа пречка да се разигра публиката.

Во публиката добра енергија, насмевки и уживање…

Битола вчера покажа дека може, а ЗИМСКА ПРИКАЗНА ќе биде повеќе од празничен фестивал.

Најава за денес 24 декември – петок

warm up 17.00ч

DJ B.Boy

концерти

Citу band 19:00

3G band   20:00

Kod 369    21:30

 

А за самиот крај на вечерта од 22.30ч бендот ПАРКЕТИ кој ја слави Битола музички од 1991 година. Фановите на ПАРКЕТИ ги обожуваат нивните настапи во живо, го сакаат нивниот изглед  и смислата за хумор низ текстовите за кои самите тврдат дека се апстрактни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.