Од 11 до 13 јули на Белградскиот саем во Белград, на отворено, ќе се одржи фестивалот на популарна музика – „Влез“ кој на едно место ќе ги собере најголемите ѕвезди од Балканот, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во над 45 концерти на три тематски бини, а се очекува секој фестивалски ден да присуствуваат околу 50 илјади луѓе.
На фестивалот ве очекуваат најпопуларните пејачи од Србија и регионот, а тематските бини се – „Влез“, „Корени“ и „IDJTV“.
Сите изведувачи подготвуваат и специјални кореографии, со многу танчери на сцена и ефекти, што секако нивните настапи ќе ги направи единствени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.