Енциклопедијата „World atlas“ го одреди регионалниот фестивал ЕГЗИТ на прво место во својата неодамна објавена листа на најголемите музички фестивали во светот, опишувајќи го како повеќекратно наградуван летен фестивал чија посетеност брои преку 200.000 луѓе од најразлични земји во светот!

„Светски атлас“ наведува и дека интернационалните музички фестивали нудат платформа за локалните и светските таленти да ги претстават своите настапи на широката публика, а исто така дозволуваат и голема културолошка размена и придонесуваат кон туристичкиот развој на земјите во кои се одржуваат. Покрај тоа, големите музички фестивали привлекуваат огромен број луѓе, што многу позитивно влијае на локалната економија. Токму ова тврдење го потврдува и фактот дека ЕГЗИТ фестивалот само оваа година остварил рекорден придонес во домашната економија, со дури 16.4 милиони евра, додека од основањето на фестивалот до денеска, придонесот изнесува преку 180 милиони евра економска корист од Егзит, и тоа не рачунајќи ја вредноста во остварената меѓународна промоција на Нови Сад со овој настан. Во својот текст за музичката фестивалска индустрија, World Atlas наведува и дека токму фестивалската индустрија на глобален план во моментов вреди три милијарди американски долари и дека е брзорастечка во целиот свет, што го потврдува и Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO) која неодамна процени дека веќе во следната деценија речиси 370 милиони млади патници ќе ја направат вкупната потрошувачка од преку 400 милијарди долари.

ЕГЗИТ фестивал со години наназад добива признанија од светски ценети медиуми. Па така британскиот јавен сервис Би-Би-Си го вброи во најтесниот список на најголеми фестивали во светот, опишувајќи го како фестивал кој „го негува својот револуционерен дух“, додека „бизнис библијата“ Форбс како главен адут на Егзит ја означи токму програмата на фестивалот. Тајмс пак, на Егзит му го додели епитеот „Гластонбери на Дунав“, додека Гардијан во својот глобален календар на најдобри светски настани, за јули го издвои токму Егзит, иако овој месец од годината, традиционално е преполн со фестивали ширум светот!, соопштуваат оттаму.

Фестивалите кои ги организира тимот на ЕГЗИТ (EXIT) се најдоа и меѓу најдобрите во Европа во дури четири категории на Европските фестивалски награди, најзначајното фестивалско натпреварување. Преку  350.000 фестивалски фанови ширум светот гласаа за своите фаворити, а во годината кога според бројните параметри се одржа и неговото најуспешно издание досега, ЕГЗИТ е повторно меѓу првите десет во главната категорија  „Најдобар голем фестивал“. Престижната титула ЕГЗИТ веќе ја освои во 2014-та и 2018-та година, а изминатите девет години официјално се наоѓа во првите десет, и тоа секогаш при врвот, што овој исклучителен успех го прави единствен на европската фестивалска сцена! Откако во 2015-та ја понесе дома титулата за најдобар, црногорскиот Си Денс (Sea Dance) фестивал се најде во најтесниот избор за „Најдобар фестивал од средна големина“ и тоа шести пат по ред. Музичката платформа Ноу Слип (No Sleep) веќе изгради завидна репутација на светската сцена, па не изненадува што нејзиното фестивалско издание со својата прва номинација влезе во групата шест „Најдобри нови фестивали“, додека во исто време е во финале и за „Најдобар мал фестивал“ во Европа! Покрај „Егзитовите“ фестивали од регионот, оваа година во финалето на ова престижно натпреварување влегува и македонскиот ТАКСИРАТ фестивал и тоа по втор пат изгласан водесетте „Најдобри фестивали во затворен простор“ (Best Indoor Festival) во Европа!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.