Младата пејачка Били Ајлиш објави нов спот за песната „Lost Cause“, во кој реши да се разголи и да ги открие облините. Седумкратната добитничка на Греми, сама го режирала спотот во кој танцува со другарките, скока, јаде брза храна и игра твистер, додека носи шорцеви, гаќи и ноќница со длабоко деколте.
Фановите се изненадени и згрозени бидејќи, оваа 19-годишната девојка во текот на својата кариера нагласуваше дека сака да го пренасочи вниманието на медиумите од нејзиното тело кон музиката, па ја својата фигура ја криеше облечена во преголеми маици и широки панталони.
„Кому му недостасува старата Били?“, „Ти повеќе не си Били“, „Си се променила, ми недостасува старата Били“, „Се тверкува, не ми се верува“, „Што ти направија?“, „Ова е лошо, воопшто не ми се допаѓа“, „ Ова е толку лошо, те молам, не биди кучка “, се само некои од коментарите на разочараните фанови.
Во април годинава, пејачката објави список со песни за нејзиниот долгоочекуван втор студиски албум, кој треба да излезе во јули 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.