Македонскиот бенд „Фанк шуи“ премиерно ќе настапт на Фестивалот на нова музика „Здраво млади“ кој го организација Младински културен центар (МКЦ).

На досега најавените: данските легенди на инди-рок сцената – Efterklang, свежата психоделија од Истанбул – Lalalar, неверојатните Viagra Boys од Шведска, британското пост-панк трио – Shopping се приклучуваат и нашите Фанк шуи! Овогодишното издание на „Здраво млади“ ќе се одржи на 27 јули на локација во Парк МКЦ. Фестивалот ќе биде реализиран со строго почитување на Протоколот за организација на настани, кој беше усвоен на 73. Седница на Владата.  Билетите по цена од 500 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлјан преку bileti.mkc.mk.
Фестивалот е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје, соппштија од МКЦ.

Приказната „Фанк шуи“  започнува во 2010 година, кога група млади ентузијасти одлучија да ја земат во свои раце музичката сцена во нашава земја. Не дозволувајќи да бидат конформирани од очекувањата, а воедно водени од сопствените креативни пориви, создаваат еклектичен и енергичен стил, кој соодветно ја прикажува реалноста низ годините.
Етаблирањето на македонската сцена го постигнуваат пред сѐ преку двата студиски албуми „Етер“ (2012) и „R.E.M“ (2015), а воедно и преку бројните синглови издадени во последните 10 години. Funk Shui овозможиле бројни соработки со домашни артисти, вклучувајќи ги Чиста околина, Љубојна, Pluto’s Doubts и други, а воедно и странски артисти како Buč Kesidi од Србија и Samanthamaya од Словенија. Синглот „Метеори”, кој е најава за новиот албум, беше споделен на крајот на мај и веќе на почетокот на јуни се искачи на музичките топ-листи, станувајќи воедно и песна на неделата на хрватскиот влијателен портал muzika.hr.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.