Спотот на нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев за песната „Here I stand“ ќе биде заменет со друг, откако во еден од кадрите се појави уметничко дело кое гледано вертикално наликува на бугарското знаме.
24 Вести објави дека спотoт ќе биде заменет затоа што боите биле поставено по друг редослед на уметничкото дело, откако локацијата на снимањето – Даут-пашиниот амам се варосувал.
Спотот ќе биде симнат од официјалниот Јутјуб канал и веќе се работи на новиот видео-запис. Делото во заднината е на уметничката Жанета Вангели, а редоследот на боите оригинално бил бела – црвена – зелена, за по молерисувањето да биде променет во бела – зелена – црвена, односно како оној на бугарското знаме.
Гарванлиев вчера демантираше дека боите во заднината имаат врска со бугарското знаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.