Не менува многу, но сепак на официјалната листа од пласманот на Евровизија 2019, Македонија се искачи едно место погор, Била направена грешка во гласовите на белоуското жири, која ЕБУ сега ја исправи и Тамара наместо осмото, го освои седмото место.
Со ваквата исправка Македонија е прва според гласовите на жирото.
Ова попладнево го објави Тамара, која добила известување од ЕБУ.
-Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите!, напиша Тамара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.