Естрадниот уметник Спасен Сиљаноски – Паце од Кичево по направениот тест денес резултатот покажа дека во новите 136 позитивни случаи на Ковид-19 е и неговиот. Таа вест ја потврди лично на своите социјални мрежи каде додаде дека е без симптоми и во добра здравствена состојба.
Со овој гест Спасен ги повикува сите да внимаваат на своето здравје, да внимаваат со кој лица се во контакт, да ги почитуваат пропишаните мерки бидејќи болеста не бира, може да биде кај секого во асимптоматична форма или не, но најважно од се и најчовечки е таа вест да се сподели.
Веста дека Сиљаноски е позитивен на корона вирус вознемири добар дел од естрадата. Пред неколку дена, тој имал средба со повеќе колеги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.