Познатиот италијански пејач Ерос Рамацоти ја објави својата нова песна „AMA”, најавувајќи го така и новиот албум „Battito infinito“, но и новата светска турнеја, која ќе се одвива од септември 2022 до мај 2023 година.

– Мислам дека овие концерти се најдобар начин да го прославам објавувањето нова музика. Бев вклучен во секоја фаза од процесот и се грижев за подробностите и нијансите. Во секој од тие настапи ќе има мало делче од мене и мојата приказна. Едвај чекам повторно да се сретнам и да ги гушнам моите обожаватели, бидејќи мислам дека тоа е најдобриот начин да го надминам овој сложен миг и да почнам повторно да создавам, заедно со нив, изјави пејачот.

Албумот излегува на пазарот на 16 септември годинава.

„АМА“ е приказна за универзалната љубов, химна на слободата, повик да се сакаона што се сака, без ограничувања и препреки и да се слави тоа чувство во сите облици – Тоа е само почеток, според пејачот, но и неговите следачи кои го поддржуваат.

Инаку, италијанскиот кантавтор во својата над 35-годишна кариера има продадено 70 милиони албуми, а последниве години – и над две милијарди слушања на стрим-услугите на светско ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.