Раперот ѝ се извини на Ријана за песната „Зевс“, која се наоѓа во делукс или луксузната верзија на неговиот нов албум „Music to be Murdered By“, еден месец откако контроверзниот фрагмент се појави на интернет.
Еминем (48) со нова песна ѝ се извини на Ријана поради тоа што застанал на страната на нејзиното поранешно момче Крис Браун, кој физички ја нападна пејачката во 2009 година. Раперот се повикува на десет години старата песна чиј текст се појави во 2019 година, а во која има стих „секако дека сум на страната на Крис Браун“.
Откако текстот протече на интернет, портпаролот на Еминем изјави дека станува збор за песна стара десет години, која Еминем ја снимил, а потоа ја отфрлил па ја преправал.
Еминем и Ријана во минатото соработувале неколку пати.
Раперот неодамна беше гостин во „Сириус Икс-ем шејд 45“, каде што говореше за песната и призна дека има „нула сеќавање“ за снимањето на стихот. Раперот изјави дека протечената песна, која наводно била снимена за време на сесиите за неговиот албум „Relapse“ од 2009 година, била стара повеќе од една деценија.
Минатиот месец, Еминем ги изненади своите фанови со ран Божиќен подарок – луксузното издание на „Music To Be Murdered By“ со 16 нови песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.