Британски музички ѕвезди, меѓу кои се Елтон Џон и Стинг, ја обвинуваат владата дека „срамно ги изневерила“ музичарите, кои поради Брегзит повеќе не можат слободно да патуваат на турнеи во земјите на Европска унија.

Повеќе од 100 музичари, од поп пеачи до композитори, во писмо кое го објави Тајмс, ја осудуваат ситуацијата со која се соочени по Брегзит.

Британците од 1 јануари мораат да имаат визи за патување во земјите на ЕУ, што им предизвикува нови трошоци.

Британската Влада и предложи на ЕУ амбициозен договор за привремени патувања за деловните граѓани, а со него би биле опфатени и музичарите, но Брисел тоа го одби.

Европскиот преговарач за Брегзит Мишел Браније негирал дека во текот на преговорите се спротивставил на слободното движење на музичарите, уверувајќи дека Лондон предложил „многу амбициозни предлози за прашањето на мобилност“.

Според пишувањето на британски Индепендент, Лондон е тој кој го одбил стандардниот предлог на ЕУ со кој се одобрува тримесечно укинување на визите за уметниците и комопзиторите, но дека Даунинг стрит тоа го негирал.

Британските музичари во писмото наведуваат дека турнеите поради дополнителните трошоци ќе бидат неисплатливи, посебно за младите музичари, кои веќе се сооќени со проблеми поради забраната за концерти поради пандемијата. Но од британското Министерство за култура наведуваат дека оставаат отворена врата за нови разговори, „ако е ЕУ подготвена да ги земе предвид разумните предлози на Велика Британија“.

Повеќе од 263.000 луѓе ја потпишале петицијата со која од британската влада и Парламентот се бара укинување на визите за музичките професионалци и уметници.

Британската музичка индустрија е веќе разнишана од пандемијата на коронавирусот, а поради новите ограничувања не се знае кога повторно ќе бидат отворени концертните сали и кога ќе продолжат турнеите и фестивалите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.