Овогодишниот ЕГЗИТ (EXIT) фестивал е централна тема на светската музичка индустрија која не се согласува со „новото нормално“ како што се концерти во автомобили или диџејски стримови од спална соба. Тоа го потврди и Мариа Меј, агентката на Дејвид Гета, Робин Шулц и бројни други суперѕвезди, која на меѓународниот експертски панел го нарече ЕГЗИТ „светло на крајот од тунелот“. Тоа го потврдија и стотици изведувачи кои се јавија во знак на поддршка, а некои од нив веќе ги истражија сите можности како да стигнат во Нови Сад од 13 до 16 август оваа јубилејна дваесетта година на Егзит! Објавата на првиот дел од програмата за сега веќе историското издание на фестивалот се очекува наскоро, а по бројните нагаѓања, пристигнуваат и новите добри вести. ЕГЗИТ во август сепак ќе отвори дури 20 бини и зони ширум Петроварадинска тврдина и тоа на површина од најмалку 90% од вообичаениот капацитет.

Откако по три месеци пауза повторно е покрената продажбата на влезниците, интересот за единствениот од сите водечки европски фестивали, очекувано е голем. Сепак, според сите квоти на влезниците, како оние претходно продадените, така и новите сега, ЕГЗИТ во својот центар и оваа година ќе ја има својата магична состојка кога е атмосферата во прашање, а тоа е секогаш најбројната публика од регионот. Посетителите од земјите во регионов, уште сега е јасно, ќе ги надминат по бројност сите претходни години, а како што се отвораат земјите од Европската унија, така расте интересот и во поблиските земји како што се Унгарија, Австрија, Германија, Чешка, Романија, Бугарија, Грција и други. По силниот старт минатата зима и пролетниот рестарт, но и со смалувањето на капацитетот, во моментов во продажба се последните 25% од влезниците за сите четири дена кои се продаваат по цена од 3700 ДЕН., преку официјалната страница exitfest.org, како и преку продажната мрежа на МкТикетс во Македонија.

Главната бина ќе биде на своето вообичаено место на централното плато на Долниот град на Петроварадинска тврдина, спремна да ги пречека спектакуларните настапи на светските, но и регионалните суперѕвезди. ЕГЗИТ заедно со Гластонбери е меѓу ретките фестивали со две главни бини, а другата е секако колосалната Денс Арена, најголемата и според многумина најспектакуларна сцена на електронската музика на планетата Земја, која и ова лето ќе работи со полна сила и ќе ги угости најголемите светски, регионални и домашни диџејски ѕвезди! И соседната, меѓународно пофалена „Но Слип“ (No Sleep) сцена, ќе ги дочека верните фанови во својот добро познат ров, а на препознатливата продукција ќе се претстави секогаш беспрекорната селекција на изведувачи. Покрај најголемите бини, ЕГЗИТ магијата нема да ја има и без некои од култните сцени, па и оваа година ќе работи танцувачкото срце на фестивалот со најжешката атмосфера: Латино Стејџ! За хип-хоп фановите и ова лето во ровот ќе никне Битс (Beats) сцената, додека драмендбејс музиката која го обележа ЕГЗИТ за време на минатите 20 години и оваа година ќе има своја бина – ЕксБејс Пит (XBass Pit)! Тука ќе биде и една од омилените бини за домашната и регионалната диџејска сцена Урбан Баг, како и секогаш преполните Гуарана АсФМ и Гаја Експеримент Транс Стејџ. Освен бројните зони за одмор и уживање како што се Фудленд зоните, посебно место и годинава ќе има омилената Пачамама зона, додека историското место за средби ќе биде Венти Вадада Реге Стејџ во специјално издание. Ова не е конечниот список и можни се уште проширувања на листата со бини и дополнителни содржини по кои ЕГЗИТ е познат во светски рамки. До сите овие бини и зони ќе се влегува по добро познатите патеки, па ќе бидат отворени сите влезови, вклучувајќи го и стандардниот ВИП влез, но само со исклучок на влезот за ВИП терасата на Горниот град на Тврдината.

Како што и претходно беше најавено, фестивалот во склад со официјалните мерки ќе се реализира во соработка со здравствениот тим на Владата на Србија, со цел сите посетители, изведувачи, како и членовите на тимот кои учествуваат во реализацијата да бидат максимално заштитени. Сите фестивалски фанови кои ги набавија своите влезници во периодот пред стопирање на продажбата, ќе имаат прилика да одлучат дали сакаат да ги искористат своите влезници во август, да ги заменат за фестивалот следната година или да ги рефундираат своите влезници во склад со законите пропишани во Србија за сите настани кои се одложени поради пандемијата, а за сите детали ќе бидат навремено известени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.