Популарниот фолк пејач Ефто Пупиноски на својот фејсбук профил навреден од односот на охриѓани напиша статус која ја разбранува јавноста. Имено Пупиноски е изреволтиран што и покрај големиот хит „Лихнида кајче веслаше“ ниту еднаш не бил поканет да настапи во Охрид.
-САМО КОЛКУ ДА СИ КАЖЕМЕ. Вие своето го кажавте, да си го кажам јас моето. Охриѓани мои, ја знаете ли песната Катино моме катинке? Значи ја знаете – добро.Ја знаете ли песната Прости ми душо моја? О да, ја знаете – одлично! А ја знаете ли песната Туѓа си бескрајно? Ја знаете и таа, извонредно.
Велите овие песни ги знае и старо и младо.
А го знаете ли балканскиот хит Лихнида кајче веслаше, каде што се збпорува за Охридското езеро? А бре охриѓани. А бре во живот не сте ме поканиле во Охрид – на плоштад, во оригинал да ви ги испеам сите овие и уште толку други мои хитови. Што ќе беше, што луѓе бевте?
На тој ваш плоштад во тој ваш Охрид други пејачи од Македонија и од надвор ви ги пејат моите песни, ама бледо, неквалитетно.
Помина скоро пола век,а вие не ја разбравте вредноста на таа „ЛИХНИДА“. Хитот кој ве спомнува и ве величи кај балканскиот граѓанин, хитот кој само по себе си има некоја мала улога во рекламирањето на вашиот туризам. И замислиете, јас не ви се лутам.
Објективно вие немате капацитет тоа да го разберете. Многу ми е жал што ви направив толку убава песна. И уште нешто, тоа „охриѓани мои“ е грешка. Никогаш не сте биле мои, напиша Ефто Пупиноски на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.