После обиколката на неколку поголеми градови во нашата земја, од каде веќе ги имаме и првите одлични кандидати кои продолжуваат понатака во „Ѕвезда број 1“, време е за најголемата аудиција која ќе се одржи во Скопје, а која, освен за ново пријавените, ќе биде и одлична втора шанса за оние кои од оправдани причини не успеаја да бидат дел од аудициите во својот град.
Аудицијата во Скопје ќе се одржи на 04 мај во Македонската опера и балет, а тоа ќе биде навистина одлична можност, не само за оние кои се од Скопје и околината, туку и за сите од останатите места во Македонија кои не се пријавија на изминатите аудиции. Со оглед на масовноста во другите градови, од која и ние самите се изненадивме како тим, очекувам оваа аудиција во Скопје да биде најголемата досега одржана во главниот град, вели Елена Петреска, која е дел од жирито, а воедно и главен „виновник“ за стартот на „Ѕвезда број 1“ и додава дека со оглед на досегашното позитивно искуство, навистина жирито повторно ќе има голем предизвик да направи селекција на талентираните кандидатите.
Пријавувањето на кандидатите е по пат на порака на фан страната „Ѕвезда број 1“ на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде кандидатот треба да испрати име, презиме и наслов на двете песни со кои ќе се престави, една забавна македонска и еден странски хит, но доколку не го направи тоа, ќе има можност да се пријави и на лице место пред почетокот на аудицијата.
Аудицијата во Скопје ќе се одржи во Македонската опера и балет, а почетокот е закажан за во 16 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.