Американската хеви метал група Металика објави дека пејачот Џејмс Хетфилд се лекува во неименувана клиника од зависности и поради тоа е откажана турнејата во Австралија и Нов Зеланд.

Останатите тројца членови – тапанарот Ларс Улрих, гитаристот Кирк Хамет и басистот Роб Трухиљо, на Твитер ја објавија одлуката и им се извинија на фановите. Во објавата е наведено дека Хетфилд (56) со години се бори со зависноста и дека повторно се пријавил на програма за лекување.

Не се објавени повеќе детали, но членовите на Металика го ценат разбирањето и поддршката која фановите ја имаат за еден од основачите на групата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.