Двочасовен новогодишен концерт на неповторливиот шоумен Игор Џамбазов, придружуван од Гуру Харе ќе се одржи во сабота (29 декември) во Веро центар во Скопје.

Концертот ќе почне во 13 часот и ќе биде отворен за сите посетители кои ќе може да уживаат во добропознатите хитови и текстови на најголемиот македонски шоумен, но и во препознатливиот хумор на Џамбазов кој е негов заштитен знак. На репертоарот ќе бидат најпопуларните песни на македонскиот музичар и актер кои ги испеа сам или настанаа во соработка со некои од најпознатите музичари во Македонија и на Балканот, како што се Игор Атанасовски – Харе, Венко Серафимов, Раде Шербеџија, „Нокаут“, Тамара Тодевска, Брејк и др.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.