Гревота е да кажеме дека не сме навикнати на официјални места да прочитаме сè и сешто, од владините кабинети и канцеларии излегле секакви небулоси, високо неписмени соопштенија, и уште понеписмени исправки на неписмени соопштенија, погрешно испишани сообраќајни знаци…
Сите голтнати букви, погрешни транслитерации, транспкрипции се споменик на ова осакатено време во кое живееме, во кое пробисветови шефуваат.
Сè помалку вредности ја добиваат заслужената почит, а добар пример за тоа е Есма Реџепова, еден од најголемите амбасадори на Македонија и на македонската песна во светот.
По две години перипетии, Реџепова доби споменик на вечното почивалиште. Ѝ го „подига“ Владата на Република Македонија, небаре подигањето на споменикот ќе трае со векови (подига – подигне).
Дали жената која ѝ подари сè на Македонија заслужи ваков споменик, кој ѝ го „подига“ Владата на Република Македонија, проценете самите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.