Пејачот Џеј Рамадановски вчера беше погребан во Алејата на заслужни граѓани, каде се собраа бројни пријатели, колеги, роднини, како би го испратиле на вечниот починок.

Дојдоа многумина, но не и онаа која остави голема трага на неговата кариера, текстописецот, Марина Туцаковиќ.

Авторката на најголемите хитови на Џеј боледува од рак на дојка, па поради лошата здравствена состојба немала сила да се прости од својот брат.

Жал ми што мојот брат Џеки не можев да го испратам на вечниот починок. Душата ме боли!Не смеам да мрдам никаде од куќата, поради мојата здравствена состојба. Ниту одам негде, ниту пак некој ми доаѓа. Излегувам само кога примам терапија или кога одам на лекар – со тага во гласот кажала Марина.

Таа се уште не може да верува дека не напушти човекот кој го сакала како брат и на кого му ги напишала најубавите песни во кариерата.

Да ме слушаше можеше уште малку да поживее. Тој беше нашето мало чудо. Џеј беше еден од ретките кој од нас ги извлече најдлабоките емоции- се присетува Марина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.