Фронтменот на групата „Дисциплина кичме“ Душан Којиќ Која се разбудил од кома, откако пред неколку дена беше примен во болница поради мозочен удар, пренесуваат белградските медиуми. Веста на својот твитер акаунт ја потврдил новинарот Галеб Никачевиќ.

Која се разбудил од кома и полека заздравува, напиша Никачевиќ, а пренесе „Танјуг“.

Гитаристот, пејачот, композиторот и водачот на рок групата „Дисциплина кичме“ доживеа мозочен удар во Велика Британија и итно беше хоспитализиран во една тамошна болница. Докторите го држеа во вештачка кома со цел да му дадат доволно време на мозокот да заздрави.

Која е присутен на музичката сцена четири децении, прво со групата „Шарло акробата“, а потоа и во „Дисциплина кичме“ која ја основаше во 1981 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.