Веста за раскинувањето на договорот меѓу Авалон и македонската група Дупер, во која главни „актери“ беа Борис Какуринов, Мартина Баракоска и Илчо Нечовски, и која Авалон ја објави претходно, сега е потврдена и од страната на бендот.
Тие на својата Фејсбук страна, покрај црната насловна фотографија, објавија и натпис во кој се поздравуваат со едниот свој член, Мартина Баракоска, поради ненадминливите разлики, како што велат, и го потврдуваат раскинувањето на договорот со Авалон.
Бендот во последната година беше светла точка на нашата сцена.Тие се прославија со песната „Не сум твој тип“ која веднаш по емитувањето стана хит, а заедно ги изработија и нумерите „Тело за на ТВ“ и „Ние сме 2“.
Последната песна од нивната заедничка соработка е објавена токму денес на YouTube каналот под наслов „Пробај да ми бидеш“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.