Скопскиот бенд „Дупер“ и Авалон Продукција потпишаа двегодишен договор за соработка во кој Авалон ќе биде издавач, организатор на концертите, како и букинг агенција на бендот кој моментално е актуелен со супер хитовите “Не сум твој тип” и “Тело за тв”.

-Имавме неверојатна година. Животот ни се сврте за 180 степени, растевме со секоја секунда, плачевме и се смеевме. Фала ви на сите што бевте и сте заедно со нас низ цело ова патешествие. Фала за искрената љубов и поддршка. Од денес, официјално сме дел од Авалон. Следат нови 365 дена, полни со многу среќа и многу музика, велат од „Дупер“.

„Авалон“ и Дупер најавуваат и нови музички материјали, нов сингл, албум и многу концерти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.