Скопскиот бенд „ДУПЕР“ кој со себе носи нова енергија и свежина на музичката сцена денеска го проовира својот прв албум. На музичката сцена се појавија како освежување, донесоа нова енергија и свежина, а од денеска го носат и првиот албум насловен „ХИПЕР“.
„Не сум твој тип“ е нивната прва песна со која успеаја да ја пренесат нивната позитивност, а кога почна да се врти по радиостаниците и телевизиите публиката реагираше со пофалби и коменатри дека станува збор за поп-група која е поразлична од останатите.
Три години постојат како бенд и досега настапија на „Бела ноќ“, PIN music conference во МКЦ, две години по ред во нови 2 категории – Музичко видео и Алтернативна поп нумера за регионалните наградикои се доделуваат во Белград на MAC, учествуваа на „Џифони“, добија „Златна буба мара на популарноста“…
По „Не сум твој тип“ следуваа „Тело за на телевизија“,, „Ние сме два“, „Пробај да ми бидеш“, „Патник“, „Пак и пак“, „Единствен начин“ … па се до „Сменета“ и соработката со Матеј Фолц.
Во текот на летото ќе мже да уживате во хитовите на овие млади момчиња кои продолжуваат со многу нова музика, вежбање и концерти!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.