Патувачкиот караван на фестивалот One Love Tour трета година по ред ќе се одржи од 20 јули до 5 октомври во 7 града во Македонија и Бугарија, односно во Скопје, Струмица и Крива Паланка кај нас, а во Банско, Бургас, Стара Загора и Варна во Бугарија, соопштија организаторите.

Музичарите од Македонија и од Бугарија ќе настапат во Скопје, Струмица и Крива Паланка, но и во Банско, Бургас, Стара Загора и Варна во Бугарија.

На прес конференцијата присуствуваа организаторите од двете земји и дел од изведувачите што ќе настапуваат на фестивалот, меѓу кои Марко Маринковиќ – Слаткаристика, како и братското дуо „Некст тајм“.

Од Македонија, освен Некст Тајм и Слаткаристика, дел од оваа турнеја ќе бидат и Џамбо Ангушев, младите момци од 2 Бона и јутјуберите ЏП и Стефонатор, најави Сања Николиќ Маринковиќ, дел од организацијата.

Организаторите нагласија дека навистина е тешко да се организира фестивал каде влезот е бесплатен, напоменувајќи дека вложиле многу труд и посветеност, за трета година по ред да се одржува „One love tour“.

Навистина многу се трудиме овој фестивал да функционира веќе трета година по ред и сакам да испратам голема благодарност до сите за големата поддршка. Минатата година, отворањето на фестивалот беше во Скопје, за што сум многу горда, а оваа година најголемиот настан е предвиден да се одржи во Струмица. Новитет оваа година е додавањето на градот Крива Паланка на фестивалската мапа. Освен големите македонски ѕвезди „Некст Тајм“, Џамбо Ангушев и Слаткаристика, новитет оваа година се младите момци од „Два Бона“ и јутјуберите ЏП и Стефонатор, наведе Сања Николиќ Маринковиќ, организатор од Македонија.

Еден од изведувачите на фестивалот, Марко Мариновиќ, познат како Слаткар, наведе дека една од најважните работи на фестивалот и турнејата се остварените дуети.

Се радувам дека имаме видливи резултати и се повеќе македонски артисти прават музика со бугарски артисти, доаѓа тој успех што сме го замислиле на самиот старт и се надевам дека ќе има се повеќе уметници кои заеднички ќе креираат од нашите земји, потенцираше Марковиќ.

Браќата Стефан и Матрин од „Некст тајм“ изразија благодарност што повторно се поканети да настапат на фестивалот.

Навистина е слична македонската и бугарската публика и ветуваме дека ќе дадеме позитивна енергија и ќе се претставиме во добро издание пред вас. Тука сме и да го најавиме нашиот дует со Графа за кој сме сигурни дека ќе ве остави без зборови, изјави Мартин од „Некст Тајм“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.