Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во петокот ѝ ја врачи титулата „почесен амбасадор на Косово“ на светски познатата пејачка Дуа Липа.

По тој повод Османи „во име на сите граѓани на Косово ѝ се заблагодари на Липа за се што направила гласот на Косово да се слушне низ целиот свет“, се наведува во нејзината објава на Фејсбук.

Османи додала дека Дуа Липа го користи својот глас и талент, не само за да му понуди на светот песни кои оставаат трага, туку, како што навела, „ да ја претстави најдобрата слика за Косово секаде во светот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.